Selen Temizer,Muhammed Shekh Yusuf,Aşkın Kıyağan
26 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ВИЕНА (АА) - СЕЛЕН ТЕМИЗЕР / МУХАМЕД СЕЈХ ЈУСУФ
Главна точка на дневниот ред на Конгресот на национален дијалот за Сирија, кој ќе се одржи во рускиот град Сочи, ќе биде формирање на Комисијата за изработка на Уставот, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегациите кои учествуваат на состаноците во Виена, во рамките на 9. круг на преговори во Женева под покровителство на ОН, дискутираат за подготовките за одржување на Конгресот на национален дијалог за Сирија.
Според сознанијата на новинар на АА од сигурни извори, главна тема на разговорите на Конгресот во Сочи ќе биде формирање на Комисијата за изработка на Уставот. Споменатата Комисија би се состоела од претставниците на завојуваните сириски страни.
Планирано е Комисијата за изработка на Уставот да се состане во рамките на преговорите во Женева, под покровителство на ОН, и да го подготви Уставот на Сирија.
На овој начин би била воспоставена врска Сочи-Женева, и би бил зајакнат севкупниот мировен процес кој се води во Женева.
Сепак, сеуште траат преговорите меѓу опозицијата, режимот и земјите гарантери Турција, Русија и Иран, за прашањето за формирање на споменатата Комисија како и нејзиниот состав.
Според извор од опозицијата, нивните претставници и Турција се согласни опозицијата во таа Комисија, доколку дојде до нејзино формирање, да ја претставува 'веродостојна' опозиција.
Една од точките на дневниот ред на Конгресот на национален дијалог за Сирија во Сочи ќе биде одржување на праведни, демократски и транспаренти избори во Сирија.
Опозицијата во текот на наредните два дена ќе донесе конечна одлука за тоа дали ќе учествува на Конгресот во Сочи.
Според изворите од ОН, завојуваните страни во Виена нема да одржат директни преговори.
Конгресот за сирискиот национален дијалог ќе биде одржан на 29 и 30 јануари.