Sibel Uğurlu
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
КИЕВ (АА) - Украинските официјални претставници изјавија дека во украинскиот град Кременчук во источниот регион Полтава, денес се урнал украински хеликоптер од типот Mi-8, при што загинале сите четири лица кои биле во него, јавува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптерот со четиричлениот екипаж се урнал за време на тренинг лет, изјави Светлана Рибалко, портпаролката на регионалната канцеларија на Државната служба за вонредни ситуации.
Не е дадено објаснување за причината на несреќата.
Украина е погодена од конфликт во своите источни делови од март 2014 година, по руската анексија на Крим. Според ОН, борбата со сепаратистите во областа Донбас доведе до загуба на повеќе од 10.000 животи.
Заедно со голем број други земји на ОН, САД, ЕУ и Турција исто така не го признаваат Крим за руска територија.