Hajer M'tırı
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Најмалку 27 лица, поголемиот дел од нив ученици, повредени се во судар на автомобил со школски автобус во Жерс, на југозападниот дел на Франција, соопштија локалните власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меѓу повредени се наоѓаат возачот на автомобилот и 26 ученици, соопштија од перфектурата на Жерс.
Петмина студенти се здобиле со сериозни повреди.
Автобусот превезувал 45 ученици и пет возрасни лица, вклучувајќи го и возачот, кога несреќниот случај се случил во 12.48 часот попладне по локално време, во општината Мансиет.
Истрагата во врска со инцидентот е во тек.