Eshat Fırat
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Палестинските власти соопштија дека на масата на можните палестинско-израелски мировни преговори нема место за САД доколку не се дискутира за Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинскиот претседател, Наби Абу Рудеинех, во пишано соопштение реагираше на притисоците на американскиот претседател Доналд Трамп за Палестинците да се вратат на преговарачката маса под покровителство на САД
„Доколку Кудс не биде тема на разговор, тогаш и САД ќе остане надвор од преговарачката маса“, изјави Рудеинех.
Генералниот секретар на Палестинската ослободувачка организација (PLO) Саеб Ерекат исто така ги нарече споменатите изјави на Трамп „неодговорни“.
„Овие зборови јасно ја покажуваат неспособноста на Трамп во поглед посредување во можните мировни преговори“, изјави Ерекат.
Потсетуваме, Трамп за време на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Светскиот економски форум во Давос изјави дека Палестинците не ги испочитувале и најави укинување на повеќе стотици милиони долари помош, доколку не се согласат да учествуваат во мировните преговори под покровителство на Вашингтон.
„Минатата недела не не испочитуваа, при што не го примија нашиот потпретседател Мајк Пенс“, изјави Трамп.