Muhammed Bilal Kenasari
26 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт, зборувајќи во врска со операцијата на Турција во Африн, го користеше терминот „ПКК“ наместо „ЈПГ“ за елементите на ПЈД/ПКК во подрачјето, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на дневниот брифинг, портпаролката Науерт зборуваше за операцијата во Африн и чекорите што ги презема Турција во подрачјето.
Портпаролката Науерт, зборувајќи за елементите на ПЈД/ПКК на северозападот од Сирија, наместо терминот „ЈПГ“, кој админстрацијата на САД секогаш го употребува, овој пат го употреби терминот „ПКК“. Подоцна, Наурт без да се коригира, го даде следниот коментар: „Турција, ги тргна очите од ДЕАШ и појде во потера на ПКК. Сакаме стабилност таму“.
Науерт го бранеше ставот дека во Африн, има релативно „постоење на стабилност” и дека во моментов локалното население започнало да бега, истакнувајќи дека не сакаат промена на тензиите во регионот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходниот ден имаше телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Портпаролката Науерт наведе дека во разговорот двајцата претседатели зборувале на тема „намалување на тензиите во регионот“. Таа истакна дека Сирија минува низ многу тежок период и додаде дека не сакаат во северозападниот дел на земјата да дојде до појава на нов проблематичен простор.