Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Levent Tok,Muhammet Kurşun
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ИДЛИБ (AA) - БУРАК КАРАЏАОГЛУ/ ЕШРЕФ МУСА -
Мухамед Џило, курски имам од Африн, кој поради опасноста од терористичката организација ПЈД/ПКК избегал од овој град, изјави дека терористите во Африн, вршат голем притисок на курдското население и нивниот верски живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако е по потекло од Африн, Џило живеел во Алепо до почетокот на граѓанската војна во Сирија, после што се вратил во Африн. Не можел да го издржи притисокот на терористичките организации и донел одлука да го напушти родниот град и да се врати во Алепо.
Џило, кој е имам и професор по арапски јазик и книжевност, во разговор за АА истакна дека ја извршувал должноста на имам сакајќи на тој начин да му служи на својот народ.
„Сепак, ПКК тоа не ми го дозволи. Рекоа дека ќе ми дозволат да ја извршувам работата на имам, но под услов 'за нив да говорам со пофалби'. Реков дека ќе го говорам она што ни го заповеда верата и она што е вистина", истакна Џило.
Тој рече дека поради своите зборови бил изложен на голем притисок, дека во повеќе села се обидел да ја извршува должноста како имам, но организацијата го спречувала во тоа.
Џило рече дека покрај големиот притисок во Африн едно време продолжил со верските предавања, поради што се судрил со надредените на организацијата во тој регион. Бил приморан во повеќе наврати да го менува местото на престојување.
„Во селото Шејх Хадид припадниците на ПКК влегоа во џамија во текот на молитвата, влегоа во обувки. Децата од џамијата ги испратија дома, а тоаш ја земаа светата книга Куран и ги искинаа страниците", рече Џило.
Наведува дека по упадот на ПКК во џамијата бил приморан да го напушти Африн, после што е ставен на „црна листа". За негова глава нуделе 25.000 долари.
Истакна дека народот на Африн треба да ги земе своите деца од терористите, а на ПЈД/ПКК им порача:
„Оваа територија не е ваша. Ние сме тука сопственици, а вие сте окупатори. Вие сте насилници какви што никаде нема. Полоши сте од ѓаволот."
Додаде дека ПЈД/ПКК нема намера да донесе мир и стабилност, туку дека тоа се терористи кои сакаат да направат хаос. Џило исто така раскажа дека терористите го ограбуваат народот во Африн.
Тој го повика народот на Африн да протестира против терористичката организација.
„Народе на Африн, бидете единствени, излезете и кренете го гласот против оваа терористичка организација. Избркајте ги од својот град. Зарем може нашиот народ да се бори против држави?", порача Џило.