свет

Командатот на НАТО, Фортин: „Турција дава клучен придонес на мисијата на НАТО во Ирак“

- Командантот на НАТО-мисијата во Ирак, генерал-мајор, Дани Фортин: „Турција дава клучен придонес и помош на мисијата на НАТО во Ирак. На Турција особено сме ѝ благодарни поради придонесот во мисијата на НАТО.“

Şerife Çetin, Gökhan Zobar, Emre Gürkan Abay  | 08.11.2019 - Обновена : 09.11.2019
Командатот на НАТО, Фортин: „Турција дава клучен придонес на мисијата на НАТО во Ирак“  Foto: Şerife Çetin / AA

БРИСЕЛ

– Шерифе ЧЕТИН

Командантот на НАТО-мисијата во Ирак, генерал-мајор, Дани Фортин, истакна дека Турција дава клучен придонес и помош на мисијата на НАТО во Ирак. На Турција особено сме ѝ благодарни поради придонесот во мисијата на НАТО.

Канадскиот генерал-мајор Фортин, во седиштето на НАТО во Брисел одговараше на прашањата на дописникот на АА во врска со мисијата на Алијансата во Ирак.

Потсетувајќи дека НАТО-мисијата во Ирак е основана во октомври 2018 година во Багдад, Фортин рече дека мисијата не е борбена и им обезбедува обука и консултантски услуги на Ирачаните.

Фортин рече дека главната цел на мисијата е да се зајакнат ирачките безбедносни сили и воените институции за обука и да дојдат во состојба да можат сами да ги задоволуваат своите безбедносни потреби.


- „Ние сме ѝ благодарни на Турција"

Одговарајќи на прашањето „Колку Турција како соседна земја придонесе во мисијата“ Фортин рече дека сите сојузници дадоа свој придонес и дека не може да сподели статистички податоци од безбедносни причини.

„Турција, дава клучен придонес и помош на мисијата на НАТО во Ирак. На Турција особено сме ѝ благодарни поради придонесот во мисијата на НАТО“, нагласи Фортин.

Генерал-мајор Фортин, исто така, подвлече дека Турција истовремено во ирачкиот град Таџи нуди образовни и консултантски услуги во Административното и логистичко воено училиште.


- „Ние сакаме ирачките безбедносни сили да дојдат во состојба да можат сами да ги задоволуваат своите безбедносни потреби“

Фортин, наведувајќи дека мисијата се состои од приближно 500 цивили и воени лица, рече дека во текот на целата година оствариле значителен напредок и ги прошириле своите активности за обука.

Според него, мисијата во Багдад работи со Министерството за одбрана, Советодавната канцеларија за национална безбедност и универзитетите и воените училишта во градовите Бесмаја и Таџи.

Фортин, посочувајќи дека мисијата е призната од меѓународните актери во регионот и Ирак, рече дека нивната работа е ценета.

„Обуката и консултантските услуги што им ги нудиме на Ирачаните ги вклучуваат и посебните воени способности кои им се потребни. Со обуката сакаме безбедносните сили да дојдат во состојба да можат сами да ги задоволуваат своите безбедносни потреби“, нагласи Фортин.

„Мисијата исто така се обидува да воспостави услови за градење долгорочно партнерство меѓу НАТО и Ирак“, рече Фортин и додаде: „Ние работиме на тоа Ирак да има корист од можностите на НАТО-алијансата во регионот и да ја гледа како безбедносен фактор и да се учествува во вежбите и активностите. Истовремено е важно и тоа НАТО како партнер да може да добива информации од Ирак.“

Според Фортин, сѐ уште нема одлука за тоа колку долго мисијата ќе продолжи да работи во Ирак.

Тој исто така рече дека обуките даваат значителен придонес за ирачките безбедносни сили и дека времетраењето на мисијата зависи од исполнувањето на одредени услови.


- „НАТО и да не е физички присутен, ќе остане во Ирак“

Генерал-мајор Фортин истакна дека на партнерите од Ирак им кажал дека НАТО и да не е физички присутен, со своите придонеси и партнерства ќе остане во Ирак.

На прашањето дали „тековните антивладини протести во Багдад влијаат на активностите на мисијата“, Фортин рече дека активностите генерално продолжиле без прекини и дека некои обуки биле прекинати само таму каде што продолжуваат демонстрациите со цел персоналот на мисијата да не биде повреден.

Наведувајќи дека ирачките власти биле „премногу зафатени“ поради протестите, Фортин рече дека имало мали нарушувања во личните контакти.

Лидерите на НАТО решија да формираат мисија за обука во Ирак на самитот 2018 година во Брисел. Канада одлучи да ја преземе командата на мисијата воспоставена во октомври 2018 година.

Дваесет и девет членки на НАТО, како и земји партнери, Австралија, Шведска и Финска, придонесуваат во мисијата, која има за цел да ја спречи терористичката организација ДЕАШ повторно да има активности во Ирак.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.