Hakan Çopur,Kasım İleri
21 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), Џозеф Вотел, во врска со операцијата „Маслинова гранка“ изјави дека „Африн не е поле на операции на САД” и дека „Турција ги информирала во врска со операцијата што ја изведува во Африн”, Anadolu Agency (AA).
Генерал Вотел, за време на неговиот лет на релацијата САД - Блискиот Исток, во авионот одржа конференција за претставниците на медиумите, давајќи им информации околу операцијата во Африн.
Џозеф Вогел изјави дека Турција ги информирала во врска со операцијата која започна вчера, истакнувајќи дека Африн не е подрачје од интерес на операциите на САД и додаде: „Но, не дека не посветуваме особено внимание на ова подрачје (Африн) благодарение на нашите воени извори”.
Генерал Вотел истакна дека не ја знае намерата на Турција, но ја нагласи загриженоста од влијанието на операцијата во Африн врз борбата против ДЕАШ и додаде: „Продолжува борбата против ДЕАШ во Сирија. Сѐ уште сме фокусирани на оваа тема и продолжуваме да бидеме фокусирани во намерата да ги вратиме местата кои се под нивна контрола”.
Американскиот командант додаде дека турските официјални лица не му споменале ништо за операцијата насочена кон Мунбич.