Muhammed Bilal Kenasari
21 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американското Министерство за одбрана (Пентагон) упати порака да не се покачуваат тензиите во рамките на операцијата Маслинова гранка започната од страна на Турските вооружени сили (ТСК) за неутрализирање на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во Африн кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Упатуваме апел до сите страни за да не се покачуваат тензиите, и да се насочуваат кон најзначајната мисија, која е елиминирање на ДЕАШ“, нагласи во писмено соопштение портпаролот на Пентагон, Адриан Ренки-Галовеј.
„Ја разбираме загриженоста на Турција околу ПКК која е ставена на терористичка листа од страна на САД. САД не дава било каква поддршка за ПКК“, рече тој.