Merve Yıldızalp
14 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Република Турција објави снимка со уништување на камион кој доставувал оружје и муниција во тунел кој на крајниот северен дел на Сирија терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ го користеле за напади на погранични населби во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турските воздушни сили уништија терористичко гнездо кое го открија нашите беспилотни летала и од кое терористите извршувале напади на цивилите и децата во Турција“, се наведува во пораката која Министерството ја објави на Твитер.
Министерството објави и снимка на која се гледа како терористите од камионите внесуваат муниција и оружје во тунелот, а се гледа и моментот кога воздушните сили во два наврати го погодуваат и уништуваат тоа терористичко упориште.
Вооружените сили на Турција (ТСК) и Сириската национална војска (SNA), во средата, на 9 октомври, покренаа операција „Извор на мирот“, чија цел е да се воспостави мир и безбедност во регионот и да се оневозможи терористичкиот коридор кој терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција.
Министерството за одбрана на Турција утринава соопшти дека досега во операцијата се неутрализирани вкупно 550 терористи.