Riyaz Khaliq Khaliq,Efe Özkan
11 Септември 2024•Ажурирај: 12 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Вакцината против мајмунски сипаници на кинеската фармацевтска компанија Синофарм е одобрена за клинички испитувања, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.
Кандидат-вакцината доби одобрение за клиничко испитување од врвниот кинески регулатор на лекови, со што стана првата експериментална вакцина на Пекинг што добила одобрение за испитување, објави „Чајна њуз“ на социјалната мрежа X.
Светската здравствена организација (СЗО) во август поради епидемијата прогласи вонредна состојба за јавното здравје од меѓународна загриженост, откако во африканските земји беше идентификувана новата варијанта на вирусот на мајмунски сипаници позната како клад 1.
Повеќето од случаите се пријавени во источноафриканската држава ДР Конго, која забележа над 4.900 потврдени случаи на мајмунски сипаници и повеќе од 620 смртни случаи од почетокот на оваа година.
Од почетокот на следењето на мајмунските сипаници во 2022 година до 31 јули оваа година, потврдени се 102.977 случаи на мајмунски сипаници од варијантите клад 1 и клад 2, вклучувајќи 219 смртни случаи пријавени од 121 земја на глобално ниво, според СЗО.