Riyaz Khaliq Khaliq
29 Април 2022•Ажурирај: 03 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денеска лансира два нови сателити во вселената, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ракетата „Лонг марч“, ги однесе двата нови сателити од Центарот за лансирање на сателити „Џиукван“ во северозападниот дел на земјата, објави јавниот радиодифузен сервис ЦГТН (CGTN).
Сателитите именувани „Сивеи“ 01 и 02, ќе обезбедуваат „комерцијални услуги за далечинско набљудување податоци за индустрии, вклучувајќи геодетски премер и мапирање, заштита на животната средина, како и урбана безбедност и дигитален рурален развој“, се вели во извештајот.
Тоа беше 417. мисија од ракетната серија „Лонг марч“.