Fuat Kabakcı
01 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
ПЕКИНГ (АА) - Во кинеската покраина Ѓангсу е забележан првиот случај на птичји грип (H10N3) кај човек, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека вирусот е откриен кај 41-годишен маж.
Во соопштението се наведува дека заразеното лице од 23 април имало неколку симптоми на болеста, меѓу кои и покачена температура, и дека на 28 април се обратило во локалната здравствена установа.
Се истакнува дека при обемната генетска анализа на вирусот потврдено е дека станува збор за птичји грип.
Се наведува дека H10N3 е вирус чија вирулентност кај живината е ниска и дека постои мала можност за негово ширење.