Riyaz Khaliq Khaliq
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Кина забележа голем пад на локално пренесени случаи на Ковид-19, а во вторникот беше забележан само 41 случај на локален пренос на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тоа е првпат од 26 декември 2021 година, бројот на локално пренесени случаи да е понизок од 100.
Национална здравствена комисија на Кина денеска соопшти дека еден ден претходно биле пријавени вкупно 91 случај на коронавирусот низ целата земја.
Во Ксиан, главниот град на северозападната област Шанкси, која моментално е жариште на епидемијата во Кина, пријавени се 35 локално пренесени случаи. Овој град со 13 милиони жители е изолиран од 22 декември. Од 9 декември, повеќе од 1.700 случаи на коронавирусот се пријавени во областа.
Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина е околу 103.000, вклучувајќи повеќе од 4.600 смртни случаи.