свет

Кина го потврди апсењето на двајца државјани на Канада

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канг, денес изјави дека бизнисменот Мајкл Спејвор и поранешниот канадски дипломат Мајкл Ковриг се наоѓаaт во притвор од понеделникот

Ekipa  | 13.12.2018 - Обновена : 13.12.2018
Кина го потврди апсењето на двајца државјани на Канада

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Кина потврди дека уапсила двајца државјани на Канада, објаснувајќи дека се притворени под сомнеж дека ја загрозуваат националната безбедност, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канг, денес изјави дека бизнисменот Мајкл Спејвор и поранешиот канадски дипломат Мајкл Ковриг се наоѓаат во притвор од понеделникот.

Лу истакна дека Канада била известена за апсењето, но одби да каже дали двајцата канадски државјани добиле адвокати. Тој додаде дека случаите се водат одвоено.

Лу смета дека со овие два случаја, Кина го зголемува притисокот врз Канада, која ја притвори извршната претставничка на телекомуникацискиот гигант „Хуавеј“ (Huawei), која ја бараат САД. Кина побара итно пуштање на Менг Ванжу, финансиската директорка и ќерка на основачот на „Хуавеј“.

На прашањето дали апсењето на двајцата канадски државјани е поврзано со притворањето на Менг Ванжу, Лу изјави дека кон нив се постапува во согласност со кинеските закони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.