Fuat Kabakcı
14 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 3.193 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Националната здравствена комисија на оваа земја, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 13 лица, а откриени се 11 нови случаи.
Од Ковид-19 во Кина починаа вкупно 3.193 лица, додека откриени се вкупно 80.824 случаи, од кои 3.610 се наоѓаат во сериозна здравствена состојба.
Бројот на сомнителни случаи изнесува 115, додека бројот на лица што се наоѓаат под надзор изнесува 10.879.
Досега 65.541 лице се излекувани и отпуштени од болница.