Betül Yürük
14 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ЊУЈОРК (AA) - Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) укажа дека миењето раце со сапун е исклучително важно во борбата против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), но порачуваат дека три милијарди луѓе низ светот во својот дом немаат лавабо каде што би можеле да ги измијат рацете со сапун и вода, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на УНИЦЕФ се наведува дека само три од пет лица низ светот имаат можност за миење на рацете дома.
Наведено е дека 40 отсто од светската популација, односно три милијарди луѓе немаат лавабо каде што би ги измиле рацете со вода и сапун и дека речиси три четвртини од луѓето во најмалку развиените земји не се во состојба да ја извршат оваа основна потреба.
Во соопштението, исто така, истакнато е дека во третина од училиштата низ светот нема лавабо на кое децата би можеле да ги измијат рацете, а 16 отсто од домовите за здравје немаат функционални тоалети.