Gökhan Balcı
14 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ЕДРЕНЕ (AA) - Голем број мигранти кои имаат намера да преминат во Европа присутни се во пограничното подрачје во Едрене, јавува Агенција Анадолија (АА).
Голем број од нив чекаат веќе 16 дена за да преминат во Европа. Мигрантите ги користат и копнените и премините преку река. Во надеж дека Грција ќе им ја отвори границата, голем број луѓе се наоѓаат во тампон-зоната во делот на граничниот премин „Пазаркуле“.
Жените и децата протестираа барајќи Грција да ги отвори границите. Дојдоа до барикадите поставени на граничниот премин „Кастани“ и извикуваа „Европо, помогни ни“.
Грчките безбедносни сили поставуваат барикади со жица на граничниот премин „Кастани“, зголемувајќи ги мерките за претпазливост.