Berk Özkan
14 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ИСТАНБУЛ (AA) – Самитот на лидерите кој на 17 март требаше да биде одржан во Истанбул, поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ќе биде одржан преку видеоконференција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Франција Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на самитот на 17 март ќе разговараат за Идлиб, мигрантите и односите Турција - ЕУ.