Fuat Kabakçı
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
ПЕКИНГ (АА) - Вчера, во провинција Џангсу, која се наоѓа во источниот дел на Кина, се случи експлозија во близина на една градинка. Бројот на загинатите во експлозијата се искачи на 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Синхуа информираше дека бројот на загинатите од експлозијата што се случи на 100 метри оддалеченост од една градинка во областа Фингшиен се искачи на 8 лица.
Од експлозијата се ранети 65 лица, од кои 8 се во сериозна здравствена состојба.
Во веста се наведува дека меѓу загинатите и ранетите нема деца и негувателки од градинката.
Очевидците изјавија дека експлозијата се случила пред затворањето на градинката, додека пред објектот родителите чекале да си ги земат своите деца.
Полицијата започна истрага за откривање на причините за експлозијата.