Hakan Ceyhan Aydoğan
16 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Русија тврди дека во воздушни напади е убиен лидерот на ДЕАШ, Абу Бакир ал-Багдади и десетици други воени лидери на терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Ал-Багдади бил присутен на состанокот којшто беше цел на нападот на руските воздухопловни сили, извршен на 28 мај. Руските авиони Su-34 и Su-35 извршија напад во близина на Рака, во северниот дел на Сирија, потврди Министерството за одбрана на Русија.
„Според информациите што ги проверуваме преку повеќе канали, лидерот на ДЕАШ, Ибрахим Абу Бакир ал-Багдади, кој беше убиен во нападот, исто така присуствуваше на состанокот", соопшти руското министерство.
Терористичката организација ДЕАШ на 30 јуни 2014 година прогласи „калифат“ во Ирак, а за калиф беше назначен водачот на оваа организација, Абу Бакир ал-Багдади.
Портпаролот на ДЕАШ, Абу Мухамед ал-Aднани, тогаш преку социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) објави видео преку коешто известува за назначувањето на калифат во Ирак. Аднани повика сите слични исламистички групи да се приклучат кон ДЕАШ.
Денешната организација ДЕАШ е формирана во 2004 година, позната како „Џихадистички војници на ирачката Ал Каеда“.
Новите лидери Мухаџир и Нагдати беа убиени во 2010 година, а на чело на организацијата дојде Абу Бакир ал-Багдади. Тој продолжи во иста насока со цел за враќање на фронтот Нусра во организацијата, а во април 2013 година го смени името во „Исламска држава Ирак и Левант".