Ekipa
08 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Од под рушевините на 5-катницата, што вчера се урна во кинеската провинција Фуџиен, а која беше користена како карантин за болните заразени со вирусот Ковид-19, извлечени се 43 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на уривањето на хотелот, во карантин во него се наоѓале околу 70 лица кај кои е детектиран вирусот Ковид-19. Спасувачките екипи од под рушевините извлекоа 43 лица.
Засега нема информации за бројот на починати.
Локалната власт од 17 февруари го користи овој хотел како центар за карантин на лицата што во провинцијата Фуџиен биле во контакт со лицата што пристигнале од Хубеи, изворот на коронавирусот во Кина, или од соседните провинции.
Според првичните наоди, се истакнува дека при уривањето на зградата се слушнале експлозии, а се претпоставува и дека столбовите на зградата не можеле да ја издржат тежината на зградата.
Откако последните денови епидемијата на вирусот Ковид-19 во Кина е ставена под контрола, лицата што беа заминати по повод прославата на Празникот на пролетта се враќаат во местата каде што работат.
Локалните власти препорачаа лицата што доаѓаат од други места да останат самостојно во карантин 14 дена, а има и подрачја каде што локалната власт го спроведува карантинот во некои хотели или слични објекти.
Првенствено, на почетокот од епидемијата беше кажано дека инкубацијата на вирусот Ковид-19 во човечкиот огранизам трае 14 дена, но кинеските власти информираа дека има случаи во кои кај некои пациенти инкубацијата траела и до 27 дена.