Riyaz Khaliq Khaliq
19 Август 2022•Ажурирај: 22 Август 2022
ПЕКИНГ (АА) – Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат како исчезнати во поројните поплави предизвикани од обилните дождови во северозападна Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Повеќе од 2.000 лица од цивилната одбрана спроведуваат операции за спасување и помош за ранливото население во провинцијата Кингхаи“, објави државната телевизија ЦГТН (CGTN).
Околу 20 луѓе беа спасени откако силниот дожд предизвика поплави во два града во округот Датонг во средата и четвртокот вечерта.
Повеќе од 6.200 жители на околните села беа погодени од поплавите, кои предизвикаа големи штети на имотот и инфраструктурата.