Qais Omar Darwesh Omar
19 Август 2022•Ажурирај: 22 Август 2022
НАБЛУС (АА) - Четворица Палестинци се повредени од страна на израелската војска во текот на денешниот судир на окупираниот Западен Брег, наведе локалниот претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Израелските сили користеа гумени куршуми и солзавец за да ги разбркаат демонстрантите собрани за да протестираат против изградбата на населбата во градот Кефр Кадум во северниот дел на Западниот Брег“, рече Мурад Иштиви, координатор на локалниот Одбор на народниот отпор во Кефр Кадум.
Додаде дека на повредените демонстранти им е пружена помош на самото место.
Слични судири се забележани во градовите Беита и Беит Дајан во покраината Наблус.
Лекарите за АА соопштија дека на местото на судирот пружиле помош на десетина луѓе кои имале проблеми со дишењето поради солзавецот кои го користеле израелските сили.
Во повеќе градови на Западниот Брег се одржуваат протести против изградбата на населбите и нападите на доселениците.
На Западниот Брег, кој Израел го окупира во 1967 година, постојат повеќе од 250 незаконски еврејски населби. Повеќе од 660.000 еврејски доселеници кои живеат на овие подрачја дополнително го отежнуваат животот на Палестинците кои живеат под израелска окупација.