Said İbicioğlu
26 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
РАМАЛАХ (АА) - Израелските војници на Западниот брег го уапсија палестинскиот новинар Абдурахман Авад, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопругата на Авад, Сина Абдулхафиз, за АА изјави дека израелските војници во утринските часови, насилно, со обивање на вратата влегле во нивниот дом во областа Бедрус во западниот дел на Рамала.
Тие извршија претрес на куќата, без да објаснат зошто го апсат нејзиниот сопруг. Израелската армија сè уште не објавила ништо за овој настан.
Абдурахман Авад работи како новинар за палестинската новинска агенција САФА.