Gülşen Topçu
09 Мај 2021•Ажурирај: 10 Мај 2021
КУДС
Израелската полиција интервенираше во судир помеѓу еврејските доселеници и Палестинците во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Повреден е еден, а приведени се тројца Палестинци.
Очевидците наведуваат дека група еврејски доселеници, кои припаѓаат на радикална организација, ги провоцирала Палестинците со играње и пеење во соседството Ел-Исевије.
По расправата помеѓу Палестинците и еврејските доселеници, со солзавец и шок бомби интервенираше израелската полиција.
Палестинската Црвена полумесечина објави дека е хоспитализиран Палестинец кој е повреден со камен во главата.
Од израелската полиција наведено е дека во текот на физичката пресметка се приведени тројца Палестинци, а повредени се тројца полицајци.