свет

Папата Франциск: „Настаните во Кудс ги следам со посебна загриженост“

„Упатувам апел за почитување на мултирелигискиот и мултикултурниот идентитет на овој свет град. Ги повикувам сите на наоѓање заедничко решение со цел да владее братството“, истакна папата Франциск.

Barış Seçkin  | 09.05.2021 - Обновена : 10.05.2021
Папата Франциск: „Настаните во Кудс ги следам со посебна загриженост“

ВАТИКАН 

Духовниот лидер на католичкиот свет, папата Франциск, кој воедно е и претседател на Ватикан, изрази загриженост поради зголемените тензии по нападите на израелската полиција врз Палестинците што живеат во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).

Папата се осврна на настаните во Кудс (Ерусалим) по традиционалната неделна литургија во Ватикан.

Тој нагласи дека се моли Кудс да биде место за обединување без насилство.

„Настаните во Кудс ги следам со посебна загриженост“, рече тој.

„Упатувам апел за почитување на мултирелигискиот и мултикултурниот идентитет на овој свет град. Ги повикувам сите на наоѓање заедничко решение со цел да владее братството. Насилството произведува само насилство, и веќе им велам доста на конфликтите“, додаде папата Франциск.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın