Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
СИНГАПУР (АА) - Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, пристигна во Сингапур, каде што треба да се состане со Доналд Трамп, претседателот на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Под големо обезбедување, на аеродромот во Сингапур слета авионот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Во локалните медиуми објавени се фотографии на кои Ким Џонг Ун се ракува со министерот за надворешни работи на Сингапур, Вивиан Балакришнан.
Севернокорејскиот лидер аеродромот го напушти во црно возило и се смест во хотелот „Сент Реџис“.
Ким и Трамп ќе се состанат на 12 јуни (вторник), а средбата е еден од најважните настани на меѓународната политичка сцена.
На средбата ќе стане збор за нуклеарното разоружување и безбедносните прашања. Средбата претставува еден од критичните чекори кои треба да обезбедат одржување на мирот донесен по Корејската војна која се одвиваше од 1950 до 1953 година.