Ekipa
28 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
КАИРО (АА) - Јавното обвинителство на Египет соопшти дека причина за железничката несреќа во главниот Каиро е караница меѓу машинистите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Египетскиот јавен обвинител Небил Садик објави писмено соопштение за резултатите од спроведената истрага во врска со железничката несреќа.
Јавниот обвинител Садик во соопштението наведува дека една локомотива која изведувала маневар за да се стационира, се сретнала со друга која доаѓала отспротива, при што дошло до контакт меѓу нив.
Во соопштението се вели дека поради тоа, еден од машинистите, со цел да се расправа со машинистот на возот кој доаѓал од спротивната насока, без да ја запре локомотивата, го напуштил кокпитот. Локомотивата која останала без машинист, продолжила да се движи со голема брзина, удирајќи во бетонската бариера на крајот од пругата, при што избувнал пожар.
Во соопштението се вели дека машинистот е приведен и дека е земена негова изјава. Освен тоа, јавниот обвинител Садик во текстот наведува дека не е извршена идентификација на загинатите во несреќата, поради што е формирана тим од вештаци, кои ќе земат примероци на ДНК од жртвите.
Министерот за здравство на Египет, Хале Зајид, информираше дека во железничката несреќа што вчера се случи на железничка станица во подрачјето Рамзес во Каиро, животот го загубиле 20 лица, а 43 се повредени.
По несреќата, министерот за транспорт на Египет, Хишам Арафат, поднесе оставка.