свет

Италија во мај домаќин на Светскиот здравствен самит

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека за време на Самитот ќе разговара за начините за подобрување на здравствените системи и борбите против идните кризи во духот на солидарноста.

Barış Seçkin  | 08.04.2021 - Обновена : 08.04.2021
Италија во мај домаќин на Светскиот здравствен самит

РИМ

Италија ќе биде домаќин на овогодишниот Светски здравствен самит закажан за 21 мај, наведоа од Кабинетот на италијанскиот премиер, јавува Агенција Анадолија (АА).

Напоменувајќи дека Самитот заеднички ќе го одржат Европската комисија и Италија како претседавач на Г20, во соопштението се наведува дека Самитот ќе биде добра можност за размена на лекциите научени за време на глобалната пандемија на коронавирусот, како и за подобрување на Римската декларација.

Во соопштеието, се наведува дека принципите на декларацијата можат да бидат силен патоказ за мултилатерална соработка за да се спречат идните здравствени кризи и да се изгради поздрав, побезбеден, поправеден и поодржлив свет.

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека за време на Самитот ќе разговара за начините за подобрување на здравствените системи и борбите против идните кризи во духот на солидарноста.

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, изјави дека човештвото мора да биде подобро подготвено за да се заштити од идните епидемии.

Таа додаде дека е важно да се научат лекциите и заеднички да се работи на подобрување на глобалната здравствена безбедност.

Во соопштението исто така се наведува дека Самитот ќе се фокусира на работата на Светската здравствена организација и меѓународните здравствени прописи, со посветеност од околу 16 милијарди евра (речиси 19 милијарди долари) собрани минатата година за глобалниот одговор на коронавирусот од страна на донаторите низ земјите, за пристап на лекувањето на коронавирусот, како и за тестови и вакцини за сите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın