Hakan Çopur
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - На Самитот во Сингапур американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потпишаа сеопфатен договор за билатерална соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Историскиот самит помеѓу американскиот претседател Трамп и севернокорејскиот лидер се одржа рано изутрина во луксузниот хотел „Капела“ на сингапурскиот остров Сантос, под силно обезбедување.
Првата средба на лидерите на САД и Северна Кореја успешно заврши со потпишувањето на билатерален документ за кој е кажано дека предвидува широка соработка, но не се откриени деталите од неговата содржина.
Трамп во обраќањето пред новинарите кажа дека повторно ќе се состане со Ким.
„Ние развивме специјални односи. Горд сум што сум тука со него. Процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров ќе започне брзо“, рече Трамп.
Истакнувајќи дека самитот бил многу успешен, Трамп најави дека ќе го покани Ким Џонг Ун во посета на Белата куќа, и додаде дека процесот на денуклеаризација наскоро ќе започне.
Трамп го оцени севернокорејскиот лидер како многу способен преговарач.
„Уочив дека е многу способен и дека многу ја сака својата земја“, рече Трамп.
И севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нагласи дека самитот поминал многу успешно.
„Светот ќе биде сведок на важни промени. Со Трамп се договорив минатото да го оставиме зад нас“, порача Ким.
Трамп и Ким по изјавите уште еднаш се ракуваа пред новинарите, а потоа ја напуштија салата.
Се очекува во текот на денот и двајцата лидери да го напуштат Сингапур.