Ekip
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките сили целосно ја окупираа областа Ал-Шифа во близина на стариот град Мосул, кој е контролиран од страна на терористичката група ДЕАШ, потврди висок претставник на ирачката полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Генерал-полковник Раед Џевдат, командант на федералната полиција во Ирак, во саботата рече дека неговите сили стигнале до реката Tигрес. Според него, Ал-Шифа беше последната област која ја држеше ДЕАШ надвор од стариот дел на Мосул.
Ирачката армија и понатаму спроведува обемна акција, која беше покрената во октомври минатата година, со намера да го ослободи Мосул од ДЕАШ кој го завзеде во средината на 2014 година.