Muhammed Boztepe
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, обраќајки се на Генералното собрание на АК партија во Анкара, порача дека нема да дозволи да се заборави обидот за државен удар на 15. јули минатата година, ниту виновниците за тој настан да минат неказнети, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со сигурност нема да дозволиме обидот за државен удар на 15. јули да биде заборавен, ниту ќе дозволиме да биде заборавен. Нема да дозволиме тоа предавство да се скрие под килим, ниту да се спречи повикувањето на одговорност на предавниците кои го извршија тој подол чин”, нагласи претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, потсетувајќи на минатогодишниот обид за државен удар во неговата земја.
Ердоган истовремено потсети на значењето на оние кои таа ноќ застанаа во одбраната на земјата и притоа ги дадоа своите животи.
„Нема да ја заборавиме одговорноста кон милиони луѓе кои таа вечер, по цена на своите животи излегоа на улиците и плоштадите. Нема да ја заборавиме одговорноста кон загинатите и ветераните”, нагласи турскиот претседател.