Ali H. M.Abo Rezeg
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
БАГДАД (АА) - Шефот на разузнавачката служба на Министерството за внатрешни работи на Ирак, Абу Али ал-Басри изјави дека лидерот на терористичката организација ДЕАШ, Абу Бакр ал-Багдади е сеуште жив, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство за одбрана минатиот месец соопшти дека лидерот на ДЕАШ, Ал-Багдади е најверојатно убиен во воздушните напади на позициите на организацијата во Сирија. Од друга страна, американските претставници неодамна изјавија дека немаат докази дека Ал-Багдади е убиен.
„Ал-Багдади е уште жив и се крие во Сирија на периферијата на Ракa. Вестите за неговото убиство се невистинити и неосновани", изјави денеска ирачкиот разузнавачки офицер ал-Басри.
Американските власти и понатаму нудат парична награда во износ од 25 милиони долари за информација која ќе доведе до апсење или убивање на Ал-Багдади, терорист кој во 2013 година ја напушти Ал-Каеда и една година подоцна застана на чело на ДЕАШ.
Ал-Багдади последен пат беше виден во јавноста во текот на летото во 2014 година, кога ДЕАШ го окупираше Мосул.