Eshat Fırat
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ЕУСАЛИМ (AA) – Властите на Израел во поплладневите часови го отворија еден од влезовите во комплексот Ал Акса, а отворањето и на преостанатите влезови се очекува по поставување на детектори за метал кои се воведени како нова мерка на контроли за посетителите, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако во петок го окупираа комплексот Ал Акса и забранија влез на верниците и туристите, израелските безбедноси сили денеска денеска ја отворија портата Ал Асбат со дополнителни контроли ги пуштаат посетителите во кампусот.
Израелските власти ги пуштаат посетителите во кампусот без ограничување кога е во прашање нивната старост. Претходно израелската полиција неретко забрануваше влез на муслиманите помлади од 40 или 50 години.
Од друга страна, неколку стотици муслимани се спротиставуваат на новите контролни мерки на влезовите во комплексот Ал Акса, па денеска одбија да поминат преку поставените детектори од метал, а меѓу нив беше и директорот на Ал Акса вакуфот Омер ал-Кисвани.
Спротиставувајќи се на воведувњето на новите контролни мерки, многумина Палестинци и денеска пладневната молитва ја извршија пред комплексот Ал Акса.
Премиерот на Израел Бењамин Нетањаху доцна синоќа отпатува во посета на Париз, а во таа прилика рече дека наредил комплексот Ал Акса да се отвори, но да се воведе дополнителна безбедносна мерка во вид на контрола на влезовите во комплексот со помош на метални детектори.
„Ќе инсталираме и камери за да може видео надзорот да контролира се што се случува во комплексот. Решив во недела да го отвориме комплексот за посети, но со зголемени безбедносни мерки ", изјави Нетанјаху.
Израелските сили во петокот ја блокираа Ал Акса и забранија влез на муслиманите во светиот комплекс. За прв пат Палестинците клањаа молитва надвор од комплексот Ал Акса уште од 1967 година, кога Израел го окупираше Ерусалим.
Во петокот, израелските сили убија тројца Палестинци во и пред Ал-Акса, а во немирите загинаа и двајца израелски полицајци.