Cuneyt Davut
02 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – Денеска во Скопје беше отворен комплексот Јигит Паша, јавува Anadolu Agency (AA).
Комплексот Јигит Паша, кој беше обновен благодарение на соработката на Општина Бурса од Турција и Општина Чаир од Македонија, со молитви на верниците на исламската вероисповед беше отворена за служба и посета на Скопјани и други граѓани.
На церемонијата по повод отворањето на комплексот од Турција присуствуваа градоначалникот на општина Бурса Реџеп Алтепе и делегација од општината, поранешниот министер за здравство на Турција, Мехмет Муезиноглу, пратеници и претставници на невлацини организации, додека од Македонија свое учество зедоа градоначалниот на општина Чаир, Изет Меџити, заменик-градоначалник на општината Чаир, министрот за економија Дритон Кучи, државен секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, политичари и голем број на граѓани.
Во говорот кој на отворањето го одржа градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити рече дека гостите кои од Турција се дојдени на отворањето на комплексот Јигит Паша му даваат посебно значење на самиот настан.
„Властите се минливи, но она што го правиме е трајно. Соработката на општина Бурса и општина Чаир и братството меѓу нив не е формалност“, изјави градоначалникот Меџити, и додаде дека соработката меѓу двете општини е многу добра и дава совршени резултати.
Градоначалникот на општина Бурса Реџеп Алтепе во своето обраќање истакна дека со отворањето на комплексот Јигит Паша за служба и посетителите, го отплатиле својот долг на лојалност кон минатото.
„Откако станав градоначалник, во Бурса почнаа да доаѓаат убави побарувања. Дојдете во овој регион, во оваа култура, заштитете ги овие споменици. Доколку вие не ги заштитите, ќе исчезнат“, изјави градоначалникот на Бурса Алтепе, и на братската и пријателска земја Македонија и на народот никогаш нема да им биде скратена потребната помош.
Алтепе, исто така даде детални информации за целиот тек за изработката на проектот на комплексот Јигит Паша, од самиот почеток до денешното отворање.
Поранешниот министерот за здравство на Република Турција Мехмет Муезиноглу истакна дека луѓето од Балканот, го имаат богаството кое доаѓа од различносите. Тие ја имаат потребата од зајакнување на врските за гледање кон иднината со доверба и надеж, и желбата за задничко цврсто чекорење кон иднината.
„Ова турбе всушност им испраќа порака на цивилиираните луѓе. Комплексот, со библиотеката, медресата испраќа порака за љубов, мир и силата на единството“, изјави поранешниот министер Муезиноглу, кој им се заблагодари на институции и поединци кои го дале својот придонес во остварувањето на овој комплекс.
По одржаните говори се пристапи на церемонијата на отворање на комплексот и сечењето лента, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, на градоначалникот на општина Бурса, Реџеп Алтепе му врачи плакета. Потоа двајцата градоначалници заедно му врачија плакета на претставникот на ЕНКА холдинг, Турхам Кумбараџи, изведувач на проектот и главен спонзор.
По свеченото отворање гостите го разгледаа комплексот Јигит Паша и направија спомен фотографии.
- Одбележана Големата ноќ за верниците од муслиманска вероисповед (Ноќта на кадр)
За верниците од исламската вероисповед вечерва е Големата ноќ (Лејлетул кадр), која се смета за ноќ кога почнала да се спушта објавата на светата книга за муслиманите, Куранот.
Голем број на верници, вечерта ја поминаа во скопските џамии, со молитви и пригодна програма за оваа вечер.