Gülşen Topçu
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
БАГДАД (АА) - Ирачката милиција Катаиб Хезболах упати закани дека ќе ги зголеми нападите врз американските сили во земјата, како одговор на американскиот воздушен напад врз групата Хашд ал-Шааби на границата Ирак - Сирија во неделата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На екстремизмот во односот и пристапот на САД треба да се одговори со акција, а не со осуда“, нагласи Ебу Али ал-Аскари, висок ирачки командант на Катаиб Хезболах, во порака преку Телеграм.
Тој повика на зголемување на нападите врз седиштата и базите на „непријателот“.
Ал Аскари исто така ги повика ирачките безбедносни сили да соработуваат со милициите за ослободување на териториите на земјата од „окупаторот“.
Во неделата, четворица припадници на милицијата Хашд ал-Шааби загинаа во воздушните напади на САД во покраината Анбар во западен Ирак, во близина на границата со Сирија.
По нападот, ирачката Влада изрази осуда на американските воздушни напади врз милицијата Хашд ал Шааби, велејќи дека нападите го нарушуваат суверенитетот на Ирак.