Zehra Nur Düz
14 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
КИРКУК (АА) - Ирачките сили денес неутрализираа 42 терористи на ДЕАШ во антитерористичка операција во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата е спроведена во областа Ајн ал Џахаш во покраината Мосул, соопшти дивизијата за борба против тероризмот при ирачката Армија.
„Безбедносните сили уништија голем број терористички засолништа за време на операцијата, која беше поддржана од ирачките воздухопловни сили“, се вели во соопштението.
Кон крајот на 2017 година, ирачките официјални претставници соопштија дека присуството на ДЕАШ во Ирак е искоренето. Терористичката организација, сепак, сè уште е присутна во руралните области Анбар, Дијала, Киркук, Салахадин и Мосул.
Ирачката Армија продолжува со спроведувањето чести операции против организацијата во некои делови од земјата.