Ekip
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Веќе три години, столб на нападите на режимот во источниот дел на Алепо се распоредените сили на странските прорежимски терористички групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Големо насилство во Алепо спроведуваат Хезболах од Либија и Ирак, авганистанските бригади Фатимијон, бригада на иранското движење ал-Нуџаба, која заедно со бригадата ал-Бакир има 7.000 терористи.
Групите што со тешко оружје и беспилотни летала вршат напади без да прават разлика меѓу цивилите и борците, се предводени од страна на иранскиот генерал Џевад.
Особено како најзначајно име што се споменува во меѓународната јавност за извршените воени злосторства во Алепо е името на генерал Џевад.
- Оневозможена евакуацијата на стотици илјади цивили
Генерал Џевад и групите што се под негова команда го попречуваат евакуирањето на цивилите и семејствата на борците, а тоа е причина за зголемување на бројката на загубени животи.
Целта за групно уништување на оние што се под опсада предизвика реакција во светската јавност. Голем број земји, меѓу кои и меѓународната организација Обединети нации предупредија дека и понатаму се извршуваат воени злосторства.
- Напади врз населбата Рашид
Странските прорежимски терористички групи, кои под притисок на Русија, на 13 декември го прифатија прекинот на огнот, подоцна почнаа да го саботираат договорот. Договор што беше постигнат претходниот ден, повторно е нарушен од страна на групите под команда на генерал Џевад.
Странските прорежимски сили кои го држат градот Алепо под опсада, се осмелија да отворат оган врз конвојот за евакуација, при што беа убиени 4 лица. Откако разбрале дека конвојот ќе излезе од подрачјето што е под опсада, секташките терористи ја нападнале населбата низ која 20-ина минути подоцна требало да помине конвојот.
Последен удар на генерал Џевад врз постигнатиот договор меѓу Русија и Турција беше земањето за заложници на 800 лица од шестиот конвој.