Ekipa
18 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
АНКАРА (АА) - Иранските власти погубија најмалку шест лица во североисточниот град Машад кои претходно беа осудени на смртна казна поради грабеж и организиран криминал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската државна телевизија, повикувајќи се на правосудните и безбедносните официјални претставници на покраината Разави Хорасан, објави дека рано утринава се погубени шест лица кои претходно се осудени на смртна казна поради грабеж.
Заменикот на главниот обвинител на покраината, Хасан Хајдари, потврди дека смртната казна е извршена откако ја потврдил Врховниот ирански суд.
Тој изјави дека на чело на оваа криминална организација бил поранешен трговец со злато, и дека познавал луѓе, кои, исто така тргувале со злато. Припадниците на групата, од трговец на патот Машад - Техеран украле дури четири килограми злато.
„Смртните казни треба да бидат поука за оние кои го нарушуваат мирот и безбедноста во земјата“, заклучи Хајдари.