Safiye Karabacak
18 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот министер за верски работи, Јусуф Едис, истакна дека повторното затворање на влезовите на џамијата „Ал Акса“ води кон потполна контрола на израелските власти врз комплексот за богослужба во Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
„Таквата постапка сигурно ќе го отвори патот за потполна контрола на Израел врз „Ал Акса““, наведе Едис.
Тој, исто така, нагласи дека е потребен посебен пристап во врска со борбата против кршењето на правата, со што, како што рече, регионот се вовлекува во „верска војна“.
Ги повика Палестинците во што поголем број да дојдат пред „Ал Акса“ и таму да „стражарат“ за да го запрат кршењето на нивните права.
Потсетуваме, израелската полиција синоќа ги разбрка Палестинците кои се собраа кај „Ел Есбат“, еден од влезовите во џамијата „Ал Акса“.