Ekipa
18 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
РИЈАД (АА) - Противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија собори балистички проектил кој денес го испали јеменската бунтовничка милиција на Хусите врз саудискиот град Неџран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот за безбедност при Министерството за внатрешни работи, полковникот Турки ел Малики, потврди дека нападот е изведен од градот Амран.
Тој изјави дека ракетата е уништена во воздух, и дека нема човечки жртви.
Конфликтот во Јемен дополнително се интензивира во март 2015 година, кога Саудиска Арабија со нејзините сојузници започна да изведува воздушни напади врз позициите на бунтовниците. Оттогаш, Хусите на Саудиска Арабија испалија 149 ракети.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Сана и уште неколку важни подрачја во земјата, а меѓународно признаената Влада на Јемен делува од пристанишниот град Аден.