Hacer Başer
18 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција денес повторно ги отвори сите влезови на комплексот на џамијата „Ал Акса“, кои ги затвори вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Сите влезови на „Ал Акса“ беа затворени вчера, откако палестинско момче кај еден од влезовите во комплексот наводно се обидело да изврши напад со нож врз израелските полицајци.
Очевидците тврдат дека сите влезови во Ал Акса се повторно отворени во утринските часови.
Израелското раководство, од 2003 година, под полициска заштита ги внесува еврејските доселеници во комплексот „Ал Акса“, а за муслиманите често воведува старосни граници за влез во комплексот.
Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим (Кудс), кој е под израелска окупација, и претставува точка на спојување на трите најголеми религии во светот. Кубету-л Сахра и Мезџиду-л Киблеј се главните градби во рамките на ѕидините на комплексот Ал Акса, каде што се наоѓаат и музеи, медреси и други објекти.
По Мезџиду-л Харам во Мека и Пратениковата џамија во Медина, „Ал Акса“ е третото најважно место за муслиманите. Евреите веруваат дека под комплекстот „Ал Акса“ се наоѓаат остатоци од Соломоновиот храм, и врз основа на тоа тврдење вршат ископувања во дворот на комплексот.