Mohamad Misto
18 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (АА) - Припадници на терористичката организација ДЕАШ изведоа три напади во Деир eз-Зор, на сириско-ирачката граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Цел на нападите беа американските војници стационирани на најголемото нафтено поле во земјата. Новинарот на АА од овој сириски град јавува дека нападите се изведени синоќа.
Првиот напад се случил на нафтеното поле во Ал Омер. Десетици терористи со автомобил-бомба ги нападнале станбените единици во кои се стационирани американските војници на тоа подрачје. Интервенираа авионите на коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД). Возилото на кое била монтирана бомбата, експлодирало, при што загинал еден цивил, додека петмина се ранети.
Нафтеното поле Ал Омер лежи на источниот брег на реката Еуфрат и се простира низ пустината кон сириско-ирачката граница. Нафтеното поле Ал Омер е најбогатото поле со нафта на подрачјето на цела Сирија, со капацитет од 15.000 барели на дневно ниво.
Во исто време, изведен е и втор напад на подрачјето меѓу постројките за производство на гас во Ал Омер и населбата Тајене, при што дошло до судир со терористите на ЈПГ/ПКК.
Припадниците на ДЕАШ вчера изведоа напади и на позициите на режимските сили на запад од реката Еуфрат, во кои загинаа 20 војници на режимот.