свет

Иран: Погодувањето на украинскиот авион резултат на човечка грешка

„По преместувањето на одбранбениот систем, патничкиот авион се сметаше за непријателски авион, бидејќи е направена грешка во системот“

Mustafa Melih Ahıshalı  | 12.07.2020 - Обновена : 12.07.2020
Иран: Погодувањето на украинскиот авион резултат на човечка грешка

ИСТАНБУЛ (АА) – Иран соопшти дека погодувањето на украинскиот патнички авион со два проектила од страна на Револуционерната гарда е како резултат на човечка грешка, небрежност и проблеми со комуникацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според веб страницата „Асриран“, во извештајот објавен од иранското цивилно воздухопловство се вели: „По преместувањето на одбранбениот систем, патничкиот авион се сметаше за непријателски авион, бидејќи е направена грешка во системот.“

Во споменатиот извештај се наведува дека недостигот на навремена комуникација меѓу службениците во одбранбениот систем и Центарот за координација предизвикало одложување на преносот на информации за дозволата за летање на авионите, а тоа пак предизвикало лошо класифицирање и насочување.

„Копчето беше притиснато без наредба“, се истакнува во извештајот и се додава дека инцидентот е предизвикан од човечка грешка.

Авионот „Боинг 737“ на украинската авиокомпанија „Украина ерлајнс“, кој требаше да лета кон Киев, падна на 8 јануари кусо по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран. Ниту еден од 176-те патници и членови на екипажот не преживеаја.

Меѓу загинатите патници имаше државјани од Иран, Канада, Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın