Muhammed Boztepe
12 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Тимот за откривање и уништување мини и експлозивни направи (МЕТИ) неутрализира рачно изработена експлозивна направа далечински контролирана, поставена пред продавница во Тел Абјад, Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, турските војници во областа на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија продолжуваат да го штитат населението од замките на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
„Рачно изработената експлозивна направа, далечински контролирана, поставена пред една продавница во Тел Абјад, беше неутрализирана од тимовите на МЕТИ“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Централното подрачје на сириски Тел Абјад на 13 октомври 2019 година беше расчистено од терористите во рамките на турската операција „Извор на мирот“.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК која сè уште под своја окупација го држи местото Ајн Иса и Тел Темир, често изведува терористички напади врз подрачјата на Расулајн и Тел Абјад кои се расчистени од терористите во рамките на операцијата „Извор на мирот“.