свет, Коронавирус

Во Иран бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 12.829

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садар Лари, изјави дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 194 лица

Muhammet Kurşun  | 12.07.2020 - Обновена : 12.07.2020
Во Иран бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 12.829

ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран вкупниот број на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми на 12.829, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садар Лари, изјави дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 194 лица, со што вкупната бројка е зголемена на 12.829.

Во земјата во последното деноноќие потврдени се 2.186 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 252.720.

Наведувајќи дека 3.359 заразени се наоѓаат во критична состојба, Лари напомена дека неколку покраини, како што се Хузистан, Резеви Хорасан, Западен Азербејџан, се прогласени за црвена зона, а дека главниот град Техеран се наоѓа меѓу ризичните подрачја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.