İdiris Okuduci
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) – Одговорното лице на Сојузот на патриоти на Курдистан (КЈБ) е приведено од страна на безбедносните сили во Духок, Ирак, за поврзаност со терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Канцеларијата на КЈБ во Духок се тврди дека на 11 февруари, одговорниот за социјални работи на КЈБ, Азиз Бервари, е приведен од единиците на граничното обезбедување без судски налог и без никакво обвинение.
Гувернерството на Духок издаде соопштение во врска со приведувањето на Бервари со образложение дека бил поврзан со терористичката организација ПКК.
Во изјавата се истакнува:
„Некое време, некои политички партии зборуваат за апсење на луѓе од покраината Духок поради нивната слобода на размислување и изразување. Слободата на политичко изразување е различна од шпионирање, шверц и продажба на муниција на вооружените групи. Сите приведувања во покраината Духок се извршени со судска одлука и судот ќе донесе одлука за нив.“
Во соопштението на Гувернерството, исто така, се потенцира дека шпионите, шверцерите и провокаторите не можат да бидат засолнети во Духок.