Haydar Karaalp
10 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
АНКАРА
Ирак од администрацијата на Вашингтон побара формирање на механизам за повлекување на американските војници од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на прес-центарот на Кабинетот на премиерот на Ирак се вели дека ирачкиот премиер Адил Абдулмехди остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео.
Амдулмехди од Помпео побара, во рамки на спроведувањето на одлуката на ирачкиот Парламент за протерување на американските војници од Ирак, делегација од САД да биде испратена во Ирак и да се формира механизам за повлекувањето на американските војници.
Ирачкиот премиер пренесе дека американските војници и беспилотни летала без дозвола на ирачката Влада влегле во воздушниот простор на Ирак и дека тоа е против договорите постигнати меѓу двете земји.
Помпео нагласи дека ќе се заинтересира за ова прашање и дека ја почитуваат сувереноста на Ирак.
Исто така, Абдулмехди истакна дека ги одбиваат нападите на Иран врз американските воени бази во Ирак, и дека вложуваат напор неговата земја да не се претвори во бојно поле.
„Ние како Ирак придаваме важност на зачувување на односите со соседните земји и со меѓународната заедница, како и на заштита на претставништвата на странските мисии. Борбата против тероризмот на ДЕАШ, реконструкцијата на земјата, економскиот развој, како и зачувувањето на независноста и сувереноста на земјата се меѓу нашите приоритети“, рече Абдулмехди, се вели во соопштението.