İdris Okuducu
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
БАСРА (AA) - Во огнот кој припадниците на безбедносните сили на Ирак го отворија врз демонстрантите во Басра, загина едно, а ранети се три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите се организирани поради невработеност на населението и прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Полицискиот официјален претставник Сермед Хусеин, изјави дека припадниците на безбедносните сили отвориле оган за да ги натераат демонстрантите да прекинат со протестите.
Ранетите лица се префрлени во болница.
Хусеин додаде дека протестите се одржани на патниот правец кој води кон нафтените компании, а демонстрантите имале намера да го блокираат сообраќајот.
Нафтата содржи голем дел од приходите на Ирак, а околу 80 отсто од суровата нафта која земјата ја извозува, се извлекува од бушотините во Басра.
Населението на Басра, со години бара, наместо странците кои се вработени во нафтените компании, да се вработува локалното население. Граѓаните се жалат и на чести прекини во снабдувањето со електрична енергија, особено во последните неколку дена, кога температурите на воздухот се повисоки од 50 степени.